Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Денес во Зрновци беше промовиран Карате клубот во основање Зрновци.
Професор д-р Чедомир Саздовски, претседател на Унијата на карате ветерани на Македонија со видео проекција објасни кои се придобивките од вежбањето карате до вештината и на спортско карате.

Саздовски се осврна и на историјата на каратето во салата на ОУ „Синиша Стоилов“ во Зрновци.

Потоа истакнатите карате мајстори Љупчо Кафеџиоски и Славе Ѓоргоски направија демонстрација на карате техники на што присутните дечиња реагираа со возбуда. Покрај нив, демонстрација направија и Саздовски и Мишел Антонов носител на мајсторски појас 3 дан во стилот вадо рју, кој ќе го води клубот.


На презентацијата присуствуваа дечиња од ОУ „Синиша Стоилов меѓу кои имаше и професори каратисти, градоначланикот на Оштина Зрновци Ванчо Митев, директорката на училиштето Слаѓана Гаврилова и членови на Советот на Општина Зрновци, како и престатвници на други институци од Кочани.

