Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ООУ „Никола Карев“ – Кочани прогласено за најуспешно училиште во спорт за 2025 година
ООУ „Никола Карев“ од Кочани ја освои наградата Најуспешно училиште во спорт за 2025 година, што претставува потврда за континуираната работа, посветеноста и тимскиот дух што се негува во училиштето.
Зад овој значаен успех стои ангажманот на раководството и наставниот кадар, предводени од директорот Александар Андов и наставникот Оливер Јовановски, како и вклученоста на целиот колектив кој активно придонесува во развојот на ученичкиот спорт.
Значаен придонес за добиеното признание има и ученикот Даријан Циве Павлев, кој го освои првото место во борење, како и екипното трето место во мал фудбал, каде што беше активен учесник.
Овој резултат уште еднаш ја потврдува улогата на ООУ „Никола Карев“ како училиште кое успешно ги поттикнува спортските вредности и младинскиот натпреварувачки дух.
