Радио Кочани
Кочани

Лажен лекар од Словенија измамил баба од Виница

584

На 23.01.2026 во 08:50 часот во ОВР Виница, 86-годишна жена од Виница пријави дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар од Словенија  и и кажало дека нејзината ќерка, која била на привремена работа во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и за да ја оперираат била потребна одредена сума на пари.

Според пријавеното, таа ги подигнала парите од банка и како што и било кажано, во дворот од семејната куќа, парите ги дала на лице, кое било пратено да ги земе.

Откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio