Радио Кочани
Кочани

Почна пријавувањето за „Спортски асови“ во Виница

111
Општина Виница и годинава ја продолжува традицијата на чествување на спортските успеси, организирајќи ја манифестацијата „Спортски асови 2025“ – настан кој веќе неколку години претставува симбол на признание, вреднување и афирмација на спортот и спортските достигнувања во општината.
Врз основа на Програмата за култура и спорт на Општина Виница за 2026 година, Општина Виница објавува Јавен повик за предлагање кандидати за избор на:
• најдобар спортист за 2025 година;
• најдобар млад надежен спортист;
• најдобра спортска екипа;
• најдобар спортски тренер;
• најдобар спортски работник.
Право на учество во изборот имаат сите спортисти, спортски екипи и спортски работници од спортски клубови регистрирани на подрачјето на Општина Виница.
Секој предложен кандидат е должен да достави копија од важечка клупска легитимација.
При пријавувањето потребно е да се приложат податоци за постигнатите спортски резултати, како и копии од добиените признанија за освоени места на турнири, државни и меѓународни натпревари.
Рокот за поднесување на пријавите е до 02 февруари 2026 година.
Документацијата се доставува до Одделението за јавни дејности, преку Едношалтерската канцеларија во Општина Виница.
За дополнителни информации:
 074 248 033
Општина Виница
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio