Радио Кочани
Кочани

Лишени од слобода возачи во виничко и Македонска Каменица, управувале возила под дејство на алкохол, а возачот во виничко предизвикал и сообраќајна незгода 

523

На 07.01.2026 во 20:20 часот на локален пат во с.Блатец, виничко, кај место викано „Стопанство“, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.К.(43) од с.Блатец.

Претходно, тој со патничко возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот.

При преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,38 промили алкохол во крвта.

На 08.01.2026 во 01:42 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода В.Р.(19) од с.Саса, општина Македонска Каменица.

При сообраќајна контрола на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат пунто“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,15 промили алкохол во крвта.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio