Радио Кочани
Кочани

Над 500 дечиња со песната „Вечниот Бог“ го највија Христовото раѓање

353

Со песната „Вечниот Бог“, а во духот на празничната радост и традиција, Кочани го прослави Бадник со голема поворка која започна од храмот „Свети великомаченик Георгиј“.

Над 500 дечиња придружувани од нивните родители, баби и дедовци, се движеа со ѕвездички во рака низ централните улици на Кочани, носејќи светлина и топлина за сите притоа најавувајќи го Христовото раѓање.

Како што поворката се движеше по улицата „Стево Теодосиевски“, Пекара „Младост“ подели коледарски колачиња на сите деца, создавајќи весела атмосфера и додавајќи уште еден момент на радост во празничниот ден.

Поворката продолжи пред зградата на Општина Кочани, каде градоначалникот,  Владко Грозданов, се приклучи на празничните активности.

Тој, во духот на љубезноста и солидарноста, подели божиќни колачи.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio