Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Денес беше асфалтиран дел од „Улица 4“ во село Јакимово, со што се реши долгогодишен инфраструктурен проблем за жителите од овој дел на селото.
Изградбата на улицата е реализирана на барање на локалното население, бидејќи на оваа делница се наоѓаат повеќе семејни куќи, како и основното училиште во селото, што придонесува за зголемена фреквенција на сообраќај.
Асфалтираната улица е во должина од околу 300 метри, при што почетокот се поврзува со постоечки асфалтен пат, а крајот со земјен пат, со што значително се подобрува пристапноста и безбедноста во овој дел од селото Јакимово.

