Радио Кочани
Кочани

ЈОУДГ „Павлина Велјанова“: Работиме согласно законот и остануваме отворени за институционална соработка

1,152

Во врска со денешните информации од МВР за поднесена кривична пријава за ангажирање на лице без важечка лиценца на работно место неговател во ЈОУДГ „ Павлина Велјанова“ Кочани ја информираме јавноста и медиумите дека Детската градинка има склучено важечки договор врз основа на Јавен оглас за јавна набавка на услуги – Привремени вработувања преку Агенција за АПВ објавен на Електронски систем за јавни набавки  за Ангажирање на агенција за привремени вработувања со датум од  04.03.2025 година .

Ангажманот на лицата кои ги обезбедува агенцијата е целосно во надлежност и обврска на самата агенција, согласно законските прописи за проверка на квалификации, лиценци и исполнување на услови за работните места.

Установата работи исклучиво согласно важечката законска регулатива и сите лица ангажирани преку Агенција за привремени вработувања се ангажираат во согласност со прописите што ја регулираат оваа област.

ЈОУДГ „ Павлина Велјанова“ постапуваше по договор , по закон и во интерес на обебедување континуирана грижа за децата.

Остануваме отворени за соработка со институциите и обвинителството за утврдување на сите факти и околности.

Имаме целосна доверба дека институциите ќе ја утврдат фактичката состојба и дека ќе се потврди дека немало никаква намера за повреда на законот или злоупотреба“.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio