Радио Кочани
Кочани

Две лица од Кочани по вдишување чад од пожар – пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“

2,107

На 27.11.2025 во 12:00 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во Кочани настанал пожар во куќа, сопственост на А.М.(50) од Кочани.

При гасењето на огнот, 43-годишната О.С. вдишала чад и се здобила со изгореница на раката, додека нејзината 17-годишна ќерка вдишала чад, по што двете биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат.

Извршен е увид.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio