Радио Кочани
Кочани

Средба на амбасадорот на ЕУ во Македонија Михалис Рокас со Советот на Општина Кочани

293

Денеска, Советот на Општина Кочани оствари продуктивна средба со амбасадорот на Европската Унија во  Македонија, Н. Е. Михалис Рокас.

Претседателот на Советот Александар Андов истакна дека била реализирана конструктивна средба на која произлегле бројни идеи и предлози за развој на нашата Општина во области како животна средина, спорт, култура…

Членовите на Советот на Општина Кочани кои присуствувале дале свои согледувања и предлози, а амбасадорот Рокас одговарал на секое поставено прашање.

Претседателот Андов упати голема благодарност до амбасадорот Рокас за честа и за можноста за отворен дијалог и соработка, со надеж за продолжување на соработката во интерес на подобра иднина на Кочани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio