Радио Кочани
Кочани

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија Михалис Рокас ја посети Општина Кочани

1,170

Амбасадорот на Европската Унија Н. Е. Михалис Рокас и тимот од Делегацијата на ЕУ денеска ја посетија Општина Кочани при што остварија одделни средби со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и со Советот на Општина Кочани.

На средбата со градоначалникот Грозданов разговараа за моменталната состојба во Општината по преземањето на функцијата, како и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните близу девет месеци по трагичниот настан. Градоначалникот и општинската администрација ги презентираа потребите за развој на градот, со акцент на главните приоритети на Општината во следниот период.

 

Амбасадорот Рокас ја истакна подготвеноста за натамошната соработка за заздравување на Кочани, со поддршка во повеќе сегменти и идни проекти во Општина Кочани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio