Радио Кочани
Кочани

Општина Кочани го објави конкурсот за студентски стипендии за 2025/26 година

217

Општина Кочани го објави конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти жители на општина Кочани за академската 2025/2026 година. Општината ќе додели 30 стипендии на студенти запишани на прв циклус студии на јавните високообразовни институции во РС Македонија и тоа: најмногу пет стипендии за студенти од ромската етничка заедница и студенти лица со попреченост и со ретки болести, десет стипендии за студенти од социјално загрозени семејства, најмногу пет стипендии за студенти запишани на факултети за медицински науки, а останатите – за студенти кои постигнале висок успех во студирањето.

Доколку на јавниот конкурс не се пријават студенти од ромската етничка заедница, студенти кои се лица со попреченост и лица со ретки болести, студенти запишани на факултети за медицински науки или нивните пријави се оценети како неприфатливи, стипендиите распределени за овие категории, може да бидат доделени на студенти од социјално загрозени семејства пријавени по јавниот конкурс, кои ги исполнуваат условите за доделување стипендија, според редоследот на рангирање по бодови согласно изготвената ранг-листа.

Месечниот износ на општинската студентска стипендија е 4.000 денари и се доделува десет месеци.

Пријавата и потребните документи се поднесуваат до Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или по пошта на адреса: Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр. 1, Кочани, најдоцна до 28 ноември 2025 г.

Условите, критериумите за доделување на стипендиите, начинот и обрасците за пријавување се објавени на веб-страницата на Општина Кочани, kocani.gov.mk и на огласната табла пред општинската зграда.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio