Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Многу е убаво чуствуто да се дарува крв, притоа знаејки дека со тоа спасувате живот. Почнав да дарувам крв подоцна, на 30 годишна возраст, но успеав да стигнам до бројката над 100 пати. Имам 104 дарувања. Здраво се хранам и живеам здрав живот. Јас сум А позитив крвна група. На сите млади им препорачувам да даруваат крв бидејки утре може да ни затреба на секој од нас, рече Тиме Златков, крводарител со над 100 пати дарувана крв.
Овие признанија не се само признанија и бројки, ова се спасени човечки животи, ова е дадена надеж таму кадешто е најпотребна. Со денешниот ден сакам во името на Црвен крст Кочани да изразам благодарност на сите хумани луѓе кои придонесуваат за солидарноста и хуманоста во нашата заедница со дарувањето на крв. Дарувањето не е само хуман гест, тоа е начин на живот. Треба да бидеме благодарни на овие луѓе и исто така да биде како инспирација и за други луѓе да се приклучуваат во хуманото семејство на крводарители кое треба да се шири, рече Анета Коцева, секретар на Црвен крст Кочани.









