Радио Кочани
Кочани

Саем на книгата во кочанската библиотека по 19 – ти пат

130
Од 10 до 15 овој месец, ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани ќе  го реализира 19. Саем на книгата, на кој ќе учествуваат повеќе издавачки куќи од Републиката. На овој настан од културата, планирано е претставување на роднокрајниот автор, Благоја Стојков, зад кого стои издавачката куќа „Антолог“.

Саемот ќе се одржи во просториите на кочанската библиотека под мотото “Книгата не спојува-ние читаме-читајте и вие”.  Отворањето е закажано за 10 ноември од 12 часот.
Во текот на оваа шестдневна манифестација посветена на љубителите на книгата, библиотеката ќе биде  отворена секојдневно во периодот од  10 до 18 ч. Читателите ќе имаат можност да купат литература од различни излагачи и издавачки куќи.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio