Радио Кочани
Кочани

Игри, билијард , пикадо и релакс зона „Клуб 8“ – најновото урбано место во градот!

1,273

Вечерва, Кочани добива ново катче за забава, дружење и гејминг – „Клуб 8“ ги отвори вратите за сите љубители на игри, билјард и добра атмосфера!

Сместен во просториите на поранешната телевизија „Канал 8“, во близина на Градскиот пазар, Клуб 8 претставува модерен простор уреден со вкус и посветеност, создаден да понуди вистинско место за релаксација и социјализација.

Овде ќе најдете:

2 билјард маси – совршени за опуштена партија со пријателите

2 PlayStation 5  – со најновите игри и брзи турнири

Пикадо – за оние кои сакаат да покажат прецизност

Удобни сепареа и маси – за целосно уживање со друштвото и омилениот пијалак

Клубот е наменет за сите генерации и е идеален избор како за дневно кафе, така и за вечерна забава.

Локацијата е лесно достапна, на само неколку чекори од центарот на градот, каде сегогаш има слободен паркинг, а атмосферата – пријатна, модерна и топло добредојдена.

„Клуб 8“ –  е ново место за игра, релакс и дружење. Те очекува!

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio