Радио Кочани
Кочани

Осветен Православниот храм ,,Св. Недела” во Соколарци – чинот го изврши митрополитот брегалнички Иларион

431

Освет на параклис и Света Архиерејска Литургија во с. Соколарци

На 04 мај 2025 година, Недела 3-та на Воскресение (на Мироносиците), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши освет на новоизградениот параклис посветен на “Св. вмч-ка Недела” во с. Соколарци, кочанско, и отслужи Света Архиерејска Литургија. Параклисот е ктиторско дело на г. Марјан Динов, г. Душко Динев, г. Ванчо Динев и г. Ласте Јанковски со нивните семејства.

На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа. Нека е честито и од Бога благословено! Христос Воскресе! Навистина Воскресе!

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio