Радио Кочани
Кочани

Роденденски подарок со „Титаниум“ на Државна лотарија за Лидија од Скопје

288

Во семејството на добитници на инстант лотарија добивме нов член.Лидија Перовиќ (83) од Скопје, е среќната добитничка на автомобил ford focusод првата серија на инстант лозот „Титаниум“. Ние ѝ приредивме незаборавнороденденско изненадување, со доделување на автомобилот токму на нејзинот 83-ти роденден.

За Лидија оваа добивка е сосема неочекувана. Иако досега добивала само помали парични износи, сепак, никогаш не се откажала од потрагата по среќните добивки и забавата што инстант лозовите ја нудат.  Овојпат „титаниумската“ среќа ја пронајде Лидија, носејќи ѝ ја најубавата роденденска честитка.

Таа ни кажа дека оваа добивка со радост ќе му ја отстапи на својот внук.

Добитниот инстант лоз го купила од продажното место на Државна лотарија во Skopje City Mall, каде што често уплаќа и Лото 7 при дневните прошетки.

Инстант лотаријата на Државна лотарија досега, ширум Македонија, подели над 200 автомобили од различни инстант лозови. Добивката на Лидија Перовиќ е втора од инстант лозот „Титаниум“, по првата доделена во Штип на Радица Станкова. Пролетта ја започнавме со добивки, со нетрпение очекуваме да ја споделиме со Вас, следната среќна вест.

 

 

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio