Радио Кочани
Кочани

Д-р Жарко Костиќ од Кочани порача – Лекот за минатото, сепак е во иднината

1,302

Мотивацискиот тренер и Д-р Жарко Костиќ, вечерва во Центарот за култура „Бели мугри”, одржа предавање на теми за тоа како граѓаните да се справат  со негативни мисли и емоции и за тоа како да се намалат чувствата на болното минато, со оглед на тоа што го погоди Кочани на 16 март – пожарот во дискотеката „Пулс“.

Настанот почна со минута молк за починатите сограѓани, а во текот на предавањето, Д-р Костиќ говореше за важноста од прифаќање на сопствените чувства, развивање на внатрешна сила и изградба на здрави ментални навики.

Тој ги сподели своите експертски совети и практични алатки за секојдневно носење со емоционалниот товар, особено во време на лични и колективни трагедии.

Посебен акцент беше ставен на техниките за самопомош, но и на значењето на заедништвото и меѓусебната поддршка во процесот на закрепнување.

Предавањето привлече голем интерес при што салата беше  исполнета.

Меѓу присутните беа и дел од повредените лица во дискотеката „Пулс“, нивните семејства, пријатели, како и многубројни граѓани кои дојдоа да се едуцираат.

Во рамките на настанот беше организирана и хуманитарна акција, каде посетителите можеа да донираат парични средства. Собраните донации ќе бидат наменети за помош на семејствата на настраданите, како израз на солидарност и заедничка грижа.

Д-р Жарко Костиќ  ги охрабри сите присутни да продолжат да се борат, да веруваат во себе и да не се срамат да побараат помош кога им е најпотребна.

Во продолжение следува неговата изјава.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio