Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
По речиси три недели од трагедијата во Кочани, денеска семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“, организираа протест насловен како „Марш за Ангелите“.
Собирно место беше Паркот на Револуцијата, а се упатија и кон Трговскиот центар, Општина Кочани, Одделението за внатрешни работи и заврши пред Основниот суд и обвинителството во Кочани.
Тие, а и граѓаните на Кочани кои се придружија во огромен број со транспаренти движејки се низ улиците во градот, побараа правда за прерано згаснатите животи на нивнте ќерки, синови, внуци, братучеди…
Снимките ја опишуваат траорната атмосфера, немаме зборови со кои можеме да го прикажеме денешниот протестен марш.
Со фотографии од загинатите, граѓаните со молчење, плач и трансапрентите „Стоп за селективната правда“, „Коруптивниот систем ги уби нашите деца“, „Ова не е несреќа, ова е убиство“ и многу други натписи, а семејствата порачаа дека ќе се борат до крај и нема да застанат ниту за момент.