Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ОЈО: Истражна постапка против 27 физички и три правни лица за пожарот во Кочани
Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани, соопштија од ОЈО.
Најголем број од жртвите беа погребани во Кочани. Роднините и пријателите за последен пат се збогуваа со најблиските.
Најмладите загинати според извршените обдукции се шест малолетници, најбројни се помеѓу 24 и 26 години. Највозрасниот е на 46 години. Во несреќата загинаа 59 луѓе.
31 од нив се погребани во Кочани.