Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Денес во општина Зрновци се одржа Дваесеттата редовна Седница на Советот за развој на Источен плански регион.
На седницата, помеѓу другите одлуки поврзани со редовното работење на Советот за развој на ИПР, беше разгледана и изгласана Листата на предлог-проекти за развој на Источно плански регион за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година.
Исто така, од страна на Билјана Митева беше презентиран Проект за селектирање и складирање на отпад од пакување „Со граѓаните за граѓаните” кој што значително ќе допринесе за подигање на свеста кај граѓаните за селектирање на отпад, а со тоа значително олеснување на работите во создавање на здрави еколошки животни средини.
Претседателот на ИПР, Борчо Коцев изјави:
Преку објавените Јавни Повици кои се во тек, од страна на Министерството за локална самоуправа како и Бирото за рамномерен регионален развој со Програмите за намалување на диспаритети, Потпрограмата АА, Повикот за Проекти за развој на Урбаните подрачја, Специфични развојни потреби и Развој на села, Локалните самоуправи во Република Македонија, благодарение на позитивните и одговорни политики на централната власт предводена од Премиерот ХристијанМицкоски ја имаат максималната подршка во градење, развивање и унапредување на сите населени места, истакна Коцев.