Радио Кочани
Кочани

СООПШТЕНИЕ ОД ОО СДСМ КОЧАНИ

133
Денеска Советот на Општина Кочани одржа седница на која, ние
членовите од опозицијата успеавме да издејствуваме измени во
општинскиот буџет за 2025 година.
Наместо за привремени
вработувања, 2.000.000 денари од буџетот на Општина Кочани ќе
бидат наменети за градежна машина за потребите на депонијата во
Кочани.
Корекцијата во буџетот
што ја предложивме има за цел да ги намали огромните трошоци за
одржување на депонијата за економски оператори. Целта е со
набавка на механизација да се овозможи поразумно и поефективно
работење на КЈП „Водовод“ и конечно решавање на проблемот со
депонијата.
За жал, претставниците
на владејачката гарнитура ниту гласаа за овој предлог, ниту пак
покажуваат интерес за почитување на одлуките донесени во врска
со кочанската депонија.
Токму од тие причини,
пред самиот крај ја напуштивме седницата. Не сакаме фрлање пепел
во очите. Не сакаме во годишното обраќање на градоначалникот да
слушаме за „успешно реализирани проекти“ додека реалноста е
загрижувачка. Остануваме на нашите заложби за
обезбедување здрав живот во Кочани.
ОО СДСМ Кочани
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе