Радио Кочани
Кочани

Нови садници во Прокарка, обновување на дрворедите во градот

198

Надлежните служби од Општина Кочани денеска озеленија дел од јавните површини.

Сто и дваесет садници од чемпрес, јасен и јавор се засадени во месноста Прокарка и над Градскиот базен, а се обновени и испразнетите места во дрворедите на улици во градот.

Хортикултурното уредување и озеленување на јавните површини се реализира со средства од Буџетот на Општина Кочани, според програмските активности за заштита на животната средина.

Комуналните инспекциски служби од Општина Кочани апелираат за совесно и одговорно однесување кон новите садници, дрвјата и воопшто кон зелените површини.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio