Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Доброволното противпожарно друштво – Кочани и годинава се вклучи во акцијата „И јас сум дете“ за обезбедување на новогодишни пакетчиња за деца од социјален ризик.
Станува збор за иницијатива преку која на неколку локации во Кочани се поставени кутии за донација на новогодишни подароци, кои пред Нова година ќе бидат поделени на деца од ранливите категории.
Ова е хумана активност на пожарникарите–доброволци, која веќе трае четири години.
Доброволното противпожарно друштво – Кочани како и изминативе три години, така и годинава го организира проектот „И јас сум дете“, во кој собираме новогодишни пакетчиња, односно граѓаните на Кочани донираат новогодишни пакетчиња на местата каде имаме поставено кутии за донации, а тоа се „Кузе Моторс“, „Лео Играчки“ и Маркетите „Кај Тоше“, „Разнопромет“ и „Мјб Рич“, Бутик „Тренд“ „Лаура“ – Оризари „М-рис“ – Грдовци.
Ги повикуваме сите граѓани кои се во можност да донираат пакетчиња на веќе утвредните локации. Новогодишните подароци ќе бидат собрани од наша страна, а потоа ќе ги доделиме на децата од социјален ризик, исткна Златко Илијев, претседател на Доброволното противпожарно друштво – Кочани.
Илијев додаваа дека искуствата од минатите три години за нив се од големо значење, затоа што Кочани бил помеѓу првите градови од државта, што собрал најмногу новогодишни пакетчиња, како резултат на хуманитарната акција „И јас сум дете“.