Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Општина Зрновци објави Јавен повик за стипендии за ученици и студенти за учебната 2024/2025 година
Општина Зрновци објави среќна вест за учениците во основно и средно образование, студентите запишани во прва година и редовните студенти на државните универзитети, како и за талентираните ученици кои даваат значителен придонес во развојот на спортот и културата во општината.
Според донесениот Правилник за стипендии и награди за ученици и студенти за учебната 2024/2025 година, Советот на општина Зрновци објави Јавен повик за аплицирање за доделување стипендии.
Повикот ќе трае 10 дена и е објавен на веб-страницата на Локалната самоуправа на општина Зрновци.
Во контекст на прогресивната политика за развој на општината, се нагласува важноста на поддршката за учениците и студентите. Локалната самоуправа ќе продолжи да работи на создавање еднакви можности за сите во процесот на образование, со акцент на позитивната социјална политика која обезбедува поддршка за секој ученик и студент.