Радио Кочани
Кочани

„Моневи“ одбележа 20 години успешна работа: Преку иновации и квалитет до водечка позиција

1,730

Компанија „Моневи“, вчеравечер во ресторанот „Аква“, одбележа 20 години од своето основање, истакнувајќи значаен јубилеј во своето постоење.

На свеченоста присуствуваа бројни партнери, клиенти, како и пријатели на компанијата, кои се дел од нејзиниот раст и развој.

Основана е во 2004 година во Кочани, „Моневи“ започна со мала продавница, а денес е една од најуспешните и најпочитуваните  фирми на кочанскиот пазар.

Преку постојано вложување во иновации, напредна технологија и високи стандарди за квалитет, компанијата успеа да изгради силен бренд, познат не само во градот, туку и пошироко.

Во текот на изминатите две децении, „Моневи“ успеа да реализира бројни успешни проекти и да воспостави долгорочни партнерства со големи компании.

Одбележувањето на 20 години од основањето на „Моневи“ е потврда за вложениот труд, посветеност и стручност, кои ја направија оваа компанија лидер во својата област.

За иднината, компанијата гледа оптимистички и продолжува да поставува нови цели за раст и иновации, со цел да го задржи својот водечки статус во индустријата.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе