ООУ „Климент Охридски“ од Облешево со гордост и пиетет го носи името на големиот сесловенски и македонски просветител свети Климент Охридски. Во негова чест во дворот на училиштето е поставена спомен-биста на ликот и делото на патронт.
На свечената академија во преполната спортска сала , свое поздравно обраќање имаше директорот на училиштето, Јорданчо Костадинов. При тоа, тој зборуваше за посветеноста на наставниот кадар и учениците .
„Задоволство е да се биде дел од оваа образовна институција но во исто време е и обврска и имање визија за идни успешни чекори во управувањето и раководењето на училиштето. Името на св.Климент Охридски е длабоко врежано во генезата на секој македонец, а тоа што го имаме за наш патрон како училиште не прави горди и не задолжува да ја продолжиме неговата мисија“, нагласи директорот Костадинов.
Учениците пред многубројните гости и присутни со преубави точки за оваа намена се претставија и го покажаа својот талент за настап и глума. Главната порака – „Го сакаме светот со своите различности, но во исто време го негуваме и истакнуваме нашето – македоското“ со успех беше испратена и прифатена од присутните и наградена со силен аплаус.
„Љубовта, хуманоста и моралните традиционални вредности нека бидат предизвик на новото време, а мир во душата и доброто здравје да бидат меѓу нас до следното видување на денешен ден догодина“.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе