Радио Кочани
Кочани

Државно првенство во карате – Стојанов шампион, Арсов и Трајков третопласирани

217

Во Сабота на 30 11 2024 г во Скопје, во организација на КФМ се одржа Државно првенство за кадети, јуниори и У – 21 што истовремено беше и изборно за состав на Репрезентацијата на Македонија за настап на Европското првенство што ке се одржи во февруари 2025 год во Полска.

Настапија 290 натпреварувачи од 51 клуб од Македонија. Од КК „Партизан“ настапија тројца натпреварувачи, сите во категоријата Кумите и освоивме три медали:

1. Филип Стојанов – прво место во категоријата Кумите Јуниори (+76 кг)

2.Јован Арсов – трето место во категоријата Кумите Кадети (+70кг)

3.Владимир Трајков – трето место во категоријата Кумите Кадети (- 70 кг)

Сите тројца обезбедија пласман на Бергер турниротна на кој учествуват најдобрите четворица од секоја категорија кој ке се одржи за 2 недели и на кој ке се избере најдобриот од секоја категорија и тие ке не претставуват на Европското Првенство во Полска, се вели во информацијата добиена од КК „Партизан“.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе