Радио Кочани
Кочани

Градоначалникот Коцев – без прекин во реализацијата на проектите за добробит на граѓаните на општина Зрновци

247

 

Нема застанување со реализацијата на проектите, без оглед на годишните времиња, кога се работи за решавање на проблемите на граѓаните на општина Зрновци.

Со обезбедени средства од Владата на Република Македонија во висина од 2.754.000 денари, Локалната самоуправа  на Зрновци започна постапка за реализација на важен проект:

„Реконструкција на дел од доводен цефковод од водоснабдителниот систем на општина Зрновци“.

Постојаните дефекти, непредвидливите прекини во водоснабдувањето на домаќинствата, како и непродуктивното трошење на финансиски средства за постојано ставување во функција на старите инсталации, ќе станат минато.

Проектот ќе опфати целосна реконструкција на околу 200 метри од доводниот цефковод, со замена на старите 6 барски полиетиленски цевки со нови 20 барски полиетиленски цевки за водоснабдување.

Со оваа реконструкција, фабриката за вода и доводниот цефковод ќе бидат ставени во функција, обезбедувајќи дистрибуција на вода до 20 литри во секунда, со потребната количина и динамика, за домаќинствата во трите населени места: Мородвис, Видовиште и Зрновци.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе