Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Околу осум месеци се реконструираат 785 метри од улицата „Борис Трајковски“, како и 690 метри од улицата „Гоце Делчев“.
Градежните работи почнаа на 11 март годинава, а граѓаните кои живеат на овој дел од градот, прашуваат кога ќе заврши рехабилитацијата на овие две улици.
Жителите кои не сакаа да зборуваат пред камерата на Радио Кочани посочија дека секојдневното функционирање и пристап до своите домови е отежнат, повеќе од потребното време за реализација на проектите.
Екипа на Радио Кочани беше на терен и констатиравме дека конечно работите се одвиваат како што треба да се работи, односно поставени се бехатон плочки, во моментот се врши гребење на асфалтната маса на „Борис Трајковски“, додека пак целосно е отстранет асфалтот на дел од „Гоце Делечев“ и се врши тампонирање.
Во текот на летниот период, едвај се гледаа тројца работници за две улици, коментираат граѓаните.
Поради реконструкција на улиците, сообраќајот се одвива по улиците „Раде Кратовче“ и „Цар Самоил“, каде, исто така и таа е во лоша состојба, а тоа го докажуваат и снимките.
Изведувач на работите е градежната фирма „Ескаваторе“, инвеститор е Министерството за транспорт и врски, со средства обезбедени од Светска банка.