Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Жителите на населбата Стришани во Кочани со голема почит и духовност го одбележаа празникот посветен на Св. Архангел Михаил.
Кај Стришанската чешма, која претставува центар на собирот, се одржа света богослужба на која присуствуваа верници од населбата и околината.
Празникот е длабоко вкоренет во традицијата на оваа населба и претставува можност за обединување на верниците.
По богослужбата, собирот продолжи со заедничко дружење, кое создаде топла и пријателска атмосфера меѓу присутните. Годишен кум беше Димче Андонов, а за наредната се Бети Денков и Миле Минов.
Св. Архангел Михаил, кој се смета за заштитник и духовен војвода, за верниците од Стришани претставува инспирација за борба против животните предизвици. Годишното одбележување на неговиот празник ја покажува силната поврзаност на оваа заедница со духовните вредности и традициите.
Овој настан и годинава ја потврди важноста на празникот како момент за духовно зацврстување и јакнење на меѓусебните односи меѓу жителите.