Радио Кочани
Кочани

В четврток традиционално одбележување на празникот Свети Архангел Михаил во Стришани

706

И годинава, жителите на една од најстарите населби во Кочани, Стришани ја продолжуваат децениската традиција.

В четврток 21 ноември со почеток во 11 часот, ќе го одбележаа православниот празник Свети Архангел Михаил, кого го сметаат за свој заштитник.

Кум за годинава е Димче Андонов, кој треба да го донесе славскиот колач, а истиот ќе го  го пресече и благослови свештеник од храмот  „Св. Великомаченик Ѓорги”.

Се повикуваат верниците кои можат да дојдат в четврток и да присуствуваат на настанот.

Во 2009 година чешмата со средства од Локалната Самоуправа на Кочани беше реновирана и оттогаш како традиција почна да се слави празникот „СВ. Архангел Михаил“.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе