Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
И годинава, жителите на една од најстарите населби во Кочани, Стришани ја продолжуваат децениската традиција.
В четврток 21 ноември со почеток во 11 часот, ќе го одбележаа православниот празник Свети Архангел Михаил, кого го сметаат за свој заштитник.
Кум за годинава е Димче Андонов, кој треба да го донесе славскиот колач, а истиот ќе го го пресече и благослови свештеник од храмот „Св. Великомаченик Ѓорги”.
Се повикуваат верниците кои можат да дојдат в четврток и да присуствуваат на настанот.
Во 2009 година чешмата со средства од Локалната Самоуправа на Кочани беше реновирана и оттогаш како традиција почна да се слави празникот „СВ. Архангел Михаил“.