Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Општина Чешиново-Облешево во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“започнува со реализација на Проектни форуми во заедницата
Општина Чешиново-Облешево во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој се реализира во рамки на Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП, Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа започнува со реализација на Проектни форуми во заедницата
Првата Форумска сесија ќе се одржи на ден 22.11.2024 година (петок) со почеток во 12.00 часот во ООУ „Климент Охридски“ Облешево – мала сала.
На оваа форумска сесија ќе се дискутира за проекти од областа на социјалната инклузија во општина Чешиново-Облешево, вклучувајќи и поврзани теми со заштита на животната средина, управување со ризици катастрофи (непогоди), енергетска ефикасност, родова еднаквост, ранливи групи на граѓани, добро владеење и меѓуетничка соработка.
На Форумската сесија учество ќе земат сите заинтересирани локални чинители од општина Чешиново-Облешево
Преку Форумите во заедницата жителите на општина Чешиново-Облешево ќе одлучуваат кои се приоритетите за социо-економски развој на општината и кои активности може да се спроведат за подобрување на состојбата на локалната заедница.
Проектите ќе се финансираат со “Грант поддршката“ од страна на УНДП која изнесува мин. 40.000 до мах 60.000 УСД + сопствено учество на општина Чешиново-Облешево.
Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.
Општина Чешиново-Облешево