Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Здружението на пензионери од Кочани вчера го одбележа значајниот јубилеј – 52 години од своето постоење, со богат културно-уметнички настан во Центарот за култура „Бели Мугри“.
По тој повод, беше организиран фолклорен концерт, кој претставуваше завршна активност за оваа година.
Концертот ги собра пензионерите, но и многу љубители на традиционалните игри и песни, кои уживаа во настапите на фолклорни ансамбли од Македонија и Србија.
Претседателката на здружението Јелица Зафирова изрази огромно задоволство од успешната реализација на настанот, истакнувајќи дека тој ја зацврстува поврзаноста и духот на заедницата.
По културниот дел, прославата продолжи во хотелот „Амор“, каде пензионерите уживаа во заеднички ручек и музичка програма со настап на Маестро бенд од Кочани.
Настанот беше одлична можност за дружење, забава и потсетување на вредноста на заедничките активности.
Здружението на пензионери од Кочани со својата работа останува еден од столбовите на поддршка за повозрасната популација, продолжувајќи да организира значајни настани кои ја збогатуваат заедницата.