Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Денес во просториите на основното училиште „Св. Кирил и Методиј“, свечено беше одбележана првата годишнина од формирањето на медиумскиот клуб „КИМ КО – ИНФО“.
Оваа иницијатива, која започна со цел да ги поттикне младите на активно вклучување во медиумскиот свет, за само една година успеа да прерасне во центар на креативност и иновација.
На настанот присуствуваа ученици, наставници, родители и претставници од Локалната самоуправа на Кочани, како и од Македонскиот институт за медиуми.
Ивона Василова од Македонскиот институт за медиуми посочи дека активноста што се реализира веќе една година на младите новинари им помага да ја зголемат медиумската писменост.
Клубот „КИМ КО – ИНФО“ не само што им помага на младите да се запознаат со основите на новинарството, туку и ги учи на критичко размислување, тимска работа и одговорност.
За оваа година, клубот има амбициозни планови, вклучувајќи нови репортажи, анкети, интервјуа и емисии.
Со својата енергија и посветеност, членовите на „КИМ-КО ИНФО“ се пример за тоа како малите заедници можат да создадат големи успеси.