Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Почитувани граѓани на град Кочани и пошироката јавност…
Ви се обраќаме со цел да ве известиме дека ја прекинуваме блокадата на Белска Кривина, заклучно денес – 14.11. 2024 г., како знак на доверба кон локалната самоуправа која ЕДНОГЛАСНО не’ поддржа со донесување на конечна ОДЛУКА за нашите барања во борбата со токсичната локална депонија и нејзиното прераснување во регионална!!
НАША КОНЕЧНА цел е чист воздух и здрава околина во нашето Кочани.
Сега, во насока на реализирање и спроведување на донесената Одлука, а се до формирањето на надзорното тело – Еко-патрола за управување со смет на територијата на град Кочани, група на граѓани ќе продолжат со 24 часовен мониторинг на работата и дотурот во депонијата, за која во моментот според Одлука на Совет на општина Кочани единствена надлежност има КЈП „Водовод“ и истото ќе управува само со сметот на територијата на град Кочани.
ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ на поддршката за сите вас кочанчани, и секако – благонаклонети медиуми!! Продолжуваме сите заедно со борбата за ЧИСТО КОЧАНИ
Соопштение на Одбор на Граѓанската иницијатива Кочани