Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Вчеравечер во Салонот 2 при Центарот за култура „Бели мугри“ беше отворена изложбата на карикатури од Интернационалниот фестивал за хумор и сатира „Ин Виница веритас“.
Директорката на Домот на културата „Тошо Арсов“ – Виница, Благица Стојановска посочи дека годинава на конкурсот за карикатури на тема „Кој прв започна“ пристигнале над 420 творби од 170 карикатуристи од 43 држави од светот.
Стручната соработничка за визуелни уметности Александра Димитрова од Центарот за култура „Бели мугри“ ги покани сите кои можат во наредните две недели да ги погледнат делата.
Инаку, Габриела Стефановска е новата в.д директорка во Центарот за култура „Бели мугри“ и има над дваесет годишно искуство во самата институција.