Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Двајца борачи на „Спартак“, се искачија на победничкиот пиедестал на Меѓународниот турнир „Штипски боречки асови“ што викендов се одржа во Штип во организација на БК „Балканец“.
Според информацијата што ја добивме од клубот од Кочани, Јован Илиев, го освои второто место во категоријата до 54 килограми , а Даријан Павлев во категоријата до 64 килограми.
На турнирот во Штип, БК „Спартак“ учествуваше со уште четворица борачи кои останаа без пласман. Стојанче Андонов, Мартин Цветков, Беркај Билалов и Едис Билалов остварија по една победа и еден пораз, што се покажа како недоволно да се пласираат меѓу најдобрите тројца во своите категории.