Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во изминатиов период видовме дека граѓаните покажаа дека сепак може да се издржат дури и вонредни временски услови.
За жал сеуште не видовме никаков одговор од страна на Влада на РсМ или Министерство за животна средина.
Барањата кои беа удоволени додека бевме вклучени во блокадите како медијатори се во тек и даваат резултати.
Доколку се остане на ставот останатите општини да депонираат отпад бараме писмена гаранција која ќе биде изготвена од наша страна следејќи ги законските регулативи.
Ова го бараме затоа што и ние сме жители на Општина Кочани и планираме нашите деца да останат токму овде во родниот крај па затоа мора да имаме и гаранција за чиста и здрава животна средина. Во писмениот договор се дадени обврските на сите договорени страни па така доколу не се почитуваат ќе имаме официјален документ со кој ќе можеме да постапуваме.