Радио Кочани
Кочани

Трипуновски во Кочани – Договорени откупните цени на оризовата арпа, до крајот на годината ќе се откупат 3 000 тони ориз

0
Откупувачите и оризопроизводителите постигнаа договор, оризовата арпа ќе се откупува по 35 денари за ситните сорти со рандман 50% и 40 денари за високи сорти со рандман од 50%.

„Денеска одржавме втор состанок на кој што ние како Министерство учествуваме во процесот на формирање на откупна цена на ориз од реколта 2024 година. На иста маса беа откупувачите и дел од земјоделците од кочанскиот регион“, изјави после состанокот што се одржа во Кочани, министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„Сакам да потенцирам дека секој земјоделец кој што ќе има сомнеж на делот рандманот кој што го утврдува самата откупна компанија, може истата таа проверка да ја направи во Институтот за ориз бесплатно во делот на рандманот и во делот на влагата“, категориќен беше Трипуновски.

Дополнително договорено е да се откупат околу 3.000 тони оризова арпа до 31 декември.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio