Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ДЕМАНТ
КЈП “Водовод” Кочани најстро ги демантира наводите изнесени од поединци на социјалната мрежа facebook дека специјално комунално возило Iveco Special со регистерски ознаки KO 6782 AC учествувало во собирање и изнесување на отпад во Општина Виница на Градската Депонија во Кочани во последните неколку денови или од почетокот на блокадите на патот кон Градската депонија.
Во прилог се дадени извештаи за GPS следење на возило Iveco Special со регистерски ознаки KO 6782 AC за деновите 05, 06, 07, 08 и 09 ноември 2014 година од кои јасно се гледа дека возилото се движело само на територија на Општина Кочани и ниту еднаш ја нема напуштено рутата која ја има зададено според налозите за работа, а особено се нема движено на територија на Општина Виница.
КЈП “Водовод” Кочани упатува апел до граѓаните да се воздржат од ширење на дезинформации и шпекулации на социјалните медиуми!
Претходна објава
Може ќе ви се допадне