Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Општина Кочани апелира да престане палењето на стрништата – оваа штетна навика што се применува врз земјоделските површини е опасност по човечките животи и материјалните добра
Општина Кочани апелира да престане палењето на стрништата – оваа штетна навика што се применува врз земјоделските површини е опасност по човечките животи и материјалните добра и е казнива.
Палењето на стрништата носи долгорочни последици. Со согорувањето на органската материја се загадува воздухот и се емитуваат стакленички гасови кои се главни причинители за климатските промени. Се уништува целиот жив свет на земјоделските површини, како и корисната материја којашто претставува органско ѓубриво; се разнишува биолошката рамнотежа, се загадуваат површинските и подземните води.
Противпожарните интервенции на запалените стрништа претставуваат дополнителен товар на општинскиот буџет.