Радио Кочани
Кочани

Акција за миење и дезинфекција на подземните контејнери во Кочани

60
Вработени во KЈП „Водовод“ –  Кочани од Сектор водовод и канализација и Сектор комунална хигиена ја започнаа акцијата за миење и дезинфекција на подземните контејнери наменети за одлагање на отпадот, поставени во централното градско подрачје во општина Кочани.
 Започнатите активностите се реализираат со специјални комунални возила со вап-надградба за миење под притисок, со кои возила се спроведува и комплетно миење на џебовите на микролокациите каде што се поставени садовите.
Воедно, сите контејнери и микролокации се дезинфицираат со употреба на специјално средство за дезинфекција набавено од економскиот оператор задолжен за третирање на Градската депонија со алги и микроорганизми.
 Машинското миење се одвива во раните утрински часови, кога фреквенцијата на возила и пешаци на улиците е значително намалена, со цел да не се попречува одвивањето на сообраќајот, односно движењето на пешаците.
Ваквите активности кои започнаа денес и се одвиваат во централното градско подрачје на општина Кочани ќе продолжат во сите останати населени места во текот на престојните десетина дена.
КЈП „Водовод” – Кочани упатува апел до сите граѓани за одговорно однесување кон животната средина и правилно одлагање на отпадот!!!
Може ќе ви се допадне
Kocani Radio