Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Славица Цветкова пред учениците во основното училиште „Никола Карев“ го претстави богатиот книжевен опус на новинарот, поет, есеист и хроничар Киро Герасимов.
Тој има напишано над деведесетина книги и е еден од најплодните автори во државата.
Исто така, добитник е на Годишната награда за новинарство на МРТВ, на Седмосептемвриската награда на Кочани и на други награди и признанија.
Неговата последна книга со наслов „Зборува Радио Кочани“ беше промовирана на 16 март 2022 година.
Цветкова апелираше до надлежните во Општина Кочани, неговото име и презиме да го носи некоја институција, улица или слично.
Настанот се реализираше по повод Месецот на книгата и имаше за цел помаладите да се запознаат животот и делото на Герасимов.
Киро Герасимов беше роден 1951 година.
Повеќе од три децении работеше како дописник за Македонската радио-телевизија, пренесувајќи вести за локалните и регионалните случувања.
Неговата работа вклучуваше и пишување есеи и поезија, а беше почитуван како значаен хроничар на Кочани и околината.
Герасимов почина во мај 2022, на седумдесет и една годишна возраст, оставајќи трајно наследство во македонското новинарство и култура.