Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
В петок, осми ноември, православните христијани го чесатвуваат празникот посветен на светиот великомаченик Свети Димитриј.
Денот се слави на целиот Балкански полуостров, а традиционално, Митровден го означува почетокот на студеното време, односно зимата.
Народниот обичај наложувал да се остане дома. Се верувало дека оној кој што дента нема да биде дома, цела година ќе биде надвор од него и ќе преспива по туѓи домови.
Постоело и верување дека ноќта пред Митровден мора да бидат завршени сите големи работи, посебно на поле и останати обврски кои се извршуваат надвор.
Ако денот бил сончев, наводно зимата ќе биде блага, со мал број ладни денови. Ако на Митровден паднело снег, се верува дека ќе се задржи се до април.