Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Вчера на отворањето на Саемот на книгата во Библиотеката „Искра“ во Кочани промовирана беше книгата на Фросина Пармаковска, насловена „Се уште можам нешто да сторам“, добитник на „Рациновото признание“ за 2024 година.
Пармаковска пред читателската публика се претстави на интересен начин – интерактивно.
Одговарајќи на прашања, таа зборуваше за своето творештво, инспирација, начин на создавање…
На Саемот на книгата во кочанската Библиотека, кој е 18 – ти по ред, присутни се 13 издавачки куќи со литература за сите возрасти.
Од она што вчера можеше да се забележи најмалку застапени се македонските автори. Упорно трагајќи, едвај пронајдовме по 2-3 наслова од Венко Андоновски, Петре М. Андреевски, Горан Стефановски… и толку !
Саемот на книгата во Библиотеката „Искра“ завршува на 9 ноември.