Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработено лице за работно место
Машински Инженер – во производна единица ТЕЛ АД
Опис на работни задачи и одговорности:
- Одговорност за механичкиот аспект на производите во компанијата
- Планирање од областа на механиката
- Следење на процесот од планирање кон производство – изработка на цртежи, поддршка на вработени во процесот на производство
- Вклученост во планирањето на сите фази на производство – во соработка со одговорните лица за производство и машинските инженери во Израел
- Поддршка на производство за механички делови, вклучувајќи делови од лим, обработка, облоги, пластика и сл.
- Примена на принципите на термодинамика, пренос на топлина и материјали за потребите на производството
- Развој на механички алати за подобрување на ефикасноста на производната линија во Тел Ад Македонија
- Потребни квалификации:
- Високо образование – Машински факултет
- Работно искуство од областа на планирање и познавање на механичка операма
- Одлично познавање и работно искуство во Solid Works/AutoCad – (задолжително)
или познавање на друг софтвер за цртање ќе се смета како предност
- Одлично познавање на Англиски јазик (читање, пишување, зборување)-
(задолжително)
- Одлични комуникациски вештини со клиенти, вработени, менаџери и колеги
- Способност за самостојна и тимска работа и работа под притисок со кратки рокови
- Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 13.11.2024 год. по електронски пат на следнава адреса: [email protected], или директно во просториите на фабриките. Задолжително ставете назнака:
Машински Инженер – во производна единица ТЕЛ АД
Напомена:
- Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
- Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.