Радио Кочани
Кочани

„Ја мишките“: Хумор кој ги сруши границите на секојдневието во Кочани

143

Вчеравечер во големата сала на Центарот за култура „Бели мугри“, гостуваа познати комични ликови од „Солзи и смеа“ кои се претставија со  урнебесното комично шоу „Ја мишките“.

Салата беше исполнета до последно место, а публиката уживаше во смеата и постојано ги наградуваше со аплаузи ликовите Џевдет Ибраимовски, неговата жена Надире и мајсторот Стојче.

Инаку, комичните ликови од „Солзи и смеа“ во Кочани гостуваа по седум годишна пауза во Центарот за култура „Бели мугри“.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio