Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во рамките на програмата за зголемување на свеста за безбедност во сообраќајот, во средното училиште „Гошо Викентиев“ беше организирано предавање наменето за учениците од прва години.
Настанот имаше за цел да ги едуцира младите за ризиците во сообраќајот и да ги поттикне да се однесуваат одговорно како пешаци, велосипедисти и идни возачи.
Предавањето го водеа полициски службеници од Полициската станица – Кочани, кои преку интерактивна презентација, ги запозна учениците со опасностите од непочитување на сообраќајните правила, ризиците од брзо возење, и последиците од возење под дејство на алкохол или психоактивни супстанции.
Учениците имаа можност да поставуваат прашања и да учествуваат во дискусија за различни сценарија кои можат да се случат во реалниот сообраќај.
Овој настан е само дел од пошироката кампања за промовирање на безбедноста во сообраќајот.
Со ваквите иницијативи, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патишатат се надева дека ќе придонесат кон намалување на бројот на сообраќајни несреќи и ќе создадат генерација млади возачи кои се свесни за својата одговорност на патиштата.